
Џиџи Бекали (вистинско име Џорџе Бекали) е романски бизнисмен и политичар, најпознат како сопственик на фудбалскиот клуб ФЦСБ (порано Стеауа Букурешт), еден од најголемите и најтрофејните клубови во Романија, впрочем, станува збор за поранешен европски шампион…
Тој ја презеде Стеауа во 2003 година и оттогаш освои бројни домашни титули под негово водство. Сепак, неговиот стил на управување честопати привлекуваше критики – познат е по директното мешање во составот на тимот и донесување одлуки во име на тренерот.
Клубот беше принуден да го промени своето име од Стеауа Букурешт во ФЦСБ во 2017 година, по судски спор со романското Министерство за одбрана.
Џиџи беше член на романскиот парламент и на Европскиот парламент и е познат по своите националистички, а понекогаш и екстремни ставови. Неколку пати беше во центарот на скандали поради хомофобични, расистички и дискриминаторски изјави. Исто така, беше осуден на затворска казна во 2013 година за злоупотреба на службената должност, но беше ослободен по неколку години.
Се смета себеси за „бранител на православието“ и јавно вели дека Бог го инспирира кога донесува одлуки, вклучително и фудбалски. Тој исто така „стана познат“ по своите изјави дека никогаш не би дозволил геј играчи во својот тим и честопати ги навредувал Ромите и другите национални малцинства во Романија.
Сопственикот на романскиот гигант сега е обвинет дека со години ја изневерувал својата сопруга со иста жена – ТВ ѕвездата Тања Буди.
Џиџи Бекали ги негираше сите обвинувања и тврди дека дури и не ја познава лично Тања Буди.
„Ова не се обвинувања. Ова го излуди светот, дури и вас, телевизијата, бидејќи она што некои луѓе го кажуваат на ТикТок, го пуштате на телевизија. Ова е она што ќе го донесе крајот на светот. Бидејќи секој вели што сака, обвинува кого сака, вели што сака.“
„Јас дури и не ја познавам. Никогаш во животот не сум се ракувал со неа, а камоли да ја допрев. Ја видов во 1994 година на свадба во Њујорк. Ни тогаш не се ракував со неа. Никогаш не ја познавав, никогаш не ја видов, никогаш не се ракував со неа, никогаш во животот не сум разговарал со неа“.
„Гревовите што ги направив во мојот живот, ги исповедав, ги избришав, ги заборавив, знам само дека ја имам сопругата и не се сеќавам дека имав друга сопруга“, рече Бекали.
Луминита е сопруга на контроверзен Романец и тие се заедно од 1994 година. Само тој и Бог знаат дали ја изневерил, но тој инсистира дека тоа не е вистина.