Американскиот претседател Роналд Трамп во моментот го поддржуваат 37 отсто од Американците, што е најлош резултат во неговиот втор мандат, а испитаниците најчесто негативно ја оцениле состојбата во економијата, покажуваат денес објавените резултати од анкета на „Си-ен-ен“.
Според анкетата која за таа американска телевизија ја спроведе агенцијата за истражување на пазарот и анкетирање СРС, рејтингот на Трамп негативно го оцениле 63 отсто од испитаниците, што е најголем процент на недоверба досега, и за еден поен е повисок од претходниот негативен максимум, кој го забележа кога ја напушти претседателската фунција во јануари 2021 година.
Шеесет и еден процент од Американците рекле дека Трамп отишол предалеку во користењето на претседателската моќ, што е за девет процентни поени повеќе од февруари. Во случајот со уривањето на Источното крило на Белата куќа, 54 проценти од испитаниците рекле дека се незадоволни или лути, додека само 10 проценти рекле дека се задоволни или среќни од одлуката.
Уште 36 од испитаниците, меѓу кои половината биле републиканци, се изјасниле дека тоа не им е многу важно.
Истовремено, 47 отсто од регистрираните бирачи навеле дека кога денес би се одржале избори, би гласале за демократот во својот округ, додека 42 отсто рекле дека би гласале за републиканец, што е речиси двојно повеќе од 21 проценти од нив изјавиле дека нивниот глас би бил порака за поддршка на претседателот.
Американците се генерално незадоволни од состојбата во земјата – 68 отсто од нив оцениле дека работите одат на лошо, а дека се незадоволни и од економијата, за која 72 отсто од нив рекле дека е во лоша состојба, додека 47 отсто од испитаниците рекле дека економијата и трошоците за живот се главните проблеми со кои се соочуваат Соеднинетите Американски Држави, пренесе „Танјуг“.












