Француската двојка Лоренс Фурние Бодри и Гијом Сизерон го освои златниот медал во слободен стил во уметничко лизгање, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Тие стигнаа до златото со вкупно 225,82 поени. Сребрениот медал го освои парот од САД, Медисон Чок и Еван Бејтс, со 224,39 поени. Канадската двојка, Пајпер Џајлс и Пол Поарие, го освои бронзениот медал со 217,74 поени.
Лоренс Фурне Бодри и Гијом Сизерон се сметаат за најконтроверзниот пар на Зимските олимписки игри. Причината лежи во она што се случи додека лизгаа со своите поранешни партнери. До минатата година, Лоренс Фурние Бодри настапуваше за Канада и за Данска, а потоа, по итна постапка, доби француско државјанство, и сето тоа за му да стане партнерка на Гијом. Сизерон се раздели од партнерката Габриела Пападакис, со која ја освои титулата на Олимписките игри во Пекинг во 2022 година, пет светски титули и многу други медали. Тие се партнери уште од детството. Сепак, разделбата беше исклучително остра. Пападакис неодамна објави мемоари во кои упати остри критики кон Сизерон. Таа го опиша нивниот однос како „неурамнотежен“, дека се чувствува како да е „под негова контрола“ и го обвини дека е „човек што сака да контролира сè“ и дека „премногу бара“. Тој го негираше ова, велејќи дека е тоа „клеветничка кампања“ во пресрет на Зимските олимписки игри. Пападакис веќе ја плати цената за своите мемоари. Од 2024 година, таа работеше на емисиите на Ен-би-си за натпреварите во уметничко лизгање, но беше отпуштена поради конфликт на интереси откако беа објавени нејзините мемоари.

Но, зад Лоренс Фурние Бодри има уште поголем скандал. Таа претходно му беше партнерка на Канаѓанецот Николај Соренсен. Таа беше и во љубовна врска со него. Сепак, тие се разделија минатата година, откако беше суспендиран тој на шест години, по обвинение за сексуален напад.












