Најголемиот грев на Марија Корина Мачадо

400
EPA/MIGUEL GUTIERREZ

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја исклучил можноста лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо да стане привремена претседателка на земјата, бидејќи минатата година ја прифати Нобеловата награда за мир, дознава „Вашингтон пост“.

Според извори блиски до Белата куќа, Мачадо се обидела да го пофали Трамп откако ја примила наградата, но тоа не било доволно за да го задоволи американскиот претседател, кој јавно ја посакува наградата и верува дека ја заслужува.

„Доколку одбиеше и речеше: „Не можам да ја прифатам затоа што е на Трамп“, денес ќе беше претседател на Венецуела“, рече еден од изворите.

Прифаќањето на наградата од извори беше опишано како „најголем грев“.

Трамп претходно изрази сомнежи за способноста на опозицијата, вклучително и на Мачадо, да ја преземат власта.

„Ќе ѝ биде многу тешко да биде лидер. Таа нема поддршка или почит во земјата“, рече Трамп.

Мачадо тајно ја напушти Венецуела минатиот месец со поддршка од САД за да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во Норвешка.

Нејзините помошници биле изненадени од коментарите на Трамп, според извор близок до нејзиниот тим.

Американските претставници велат дека богатите нафтени полиња на Венецуела и даваат поттик на венецуелската потпретседателка и вршител на должноста претседател Делси Родригез да соработува со Вашингтон, но и алатка за притисок доколку одбие.

Трамп дури ја изразил својата намера да ја преземе нафтената индустрија на Венецуела и да им врати „средства“ на американските компании чии договори биле откажани со национализација пред неколку децении.

ИЗДВОЕНИ