петок, февруари 27, 2026
Дома СВЕТ Најголемиот американски носач на авиони се движи кон Блискиот Исток

Најголемиот американски носач на авиони се движи кон Блискиот Исток

38
EPA/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Најголемиот носач на авиони во светот, „УСС Џералд Р. Форд“, го напушти грчкиот остров Крит и се чини дека се упатува кон Блискиот Исток, додека САД го засилуваат своето воено присуство во регионот, објави Би-Би-Си.

Снимките направени во близина на Судскиот Залив покажуваат дека бродот испловил и се движи кон североисток.

Би-Би-Си Верифи“ проценува дека ако плови со вообичаената брзина од околу 20 јазли, на носачот ќе му бидат потребни околу 24 часа за да стигне до источниот Медитеран, во близина на брегот на Израел.

Експертите велат дека носачот би можел да остане во областа за поддршка на операциите над Сирија, Ирак и Израел, но постои и можност борбената група да помине низ Суецкиот канал и да влезе во Црвеното Море.

Во меѓувреме, сателитските снимки од среда покажуваат дека „УСС Абрахам Линколн“, заедно со уште шест воени бродови, е на околу 200 километри од брегот на Оман.

Движењето на американските поморски сили доаѓа во време на зголемени тензии во регионот и шпекулации за потенцијална ескалација на конфликтот во кој се вклучени Иран и неговите сојузници.

ИЗДВОЕНИ