EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Брилијантниот шпански фудбалски стручњак Луис Енрике, му го донесе на Пари Сен Жермен трофејот од Лигата на шампионите, прва во историјата на клубот.

Во финалето, ПСЖ го декласираше Интер со 5:0, а Енрике стана само седмиот тренер во историјата кој го освоил највредниот трофеј со два различни тима и единствениот, заедно со Пеп Гвардиола, кој успеал двапати да ја освои популарната „триплета“ – националната лига, Купот и Лигата на шампионите.

Прославата на Енрике беше исполнета со длабоки емоции. Во 2019 година, Шпанецот доживеа голема семејна трагедија – неговата ќерка Хана почина на деветгодишна возраст по неколкумесечна борба со ракот на коските.

Кога ја освои Лигата на шампионите со Барселона во 2015 година, го прослави успехот со Хана на рамената, а сега ѝ ја посвети победата.

Веднаш по последниот свиреж на судијата, тој облече маица со посвета на неговата почината ќерка, а потоа падна на колена и покажа со прст кон натписот со името на неговата трагично почината сакана.

Големо внимание привлече и трогателниот гест на навивачите на Пари Сен Жермен кои посветија посебна кореографија на Енрике и неговата ќерка.
Секако, нивниот гест го трогна шпанскиот стручњак, кој зборуваше за Хана со солзи во очите по натпреварот.

„Секој ден мислам на неа, без разлика дали победуваме или губиме. Таа е тука, со мене, во моето срце. Сакам да живеам сеќавајќи се на сите добри работи што мојата ќерка ми ги донесе во животот, тоа е мојата мисија. Мојата ќерка отсекогаш била со мене и сигурен сум дека сега е многу среќна“, рече Енрике.

Како Енрике зборуваше за својата ќерка

Тој остана достоинствен  дури и во големата болка што го снајде. Тој многу пати зборуваше во медиумите за својата ќерка, најчесто со насмевка и убави спомени за неа.


„Дали се сметам за среќен или несреќен? Се сметам за среќен. Многу среќен. Но што ако ќерка ми  почина на деветгодишна возраст… Мојата ќерка дојде и помина девет прекрасни години со нас. Имаме илјадници спомени за неа, видеа, неверојатни работи“, рече Енрике.

Тој зборуваше за неа со избрани зборови, не плачеше, но сè беше многу емотивно и шокантно само да се слуша, а камоли нешто друго…

„Мајка ми немаше никакви слики од Хана никаде. Ја прашав зошто, ми рече дека не може, дека нема сила за тоа. Ѝ реков дека не може, дека мора да ги стави своите слики, дека е жива. Таа не е со нас физички, но духовно е. Секој ден зборуваме за неа, се смееме, ја паметиме. Мислам дека Хана сè уште нè гледа. Мамо, како сакаш Хана да мисли дека живееме?“, рече Енрике.

ИЗДВОЕНИ