Просечната месечна нето-плата по вработен во јуни годинава изнесувала 45.468 денари што е зголемување од 8,4 отсто во споредба со истиот период лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо зголемување е забележано во секторите образование, каде платите пораснале за 14,7%, во здравствена и социјална заштита за 12,7% и во рударство и вадење камен со пораст од 12,2%.
Од друга страна, намалување на просечната нето-плата во однос на мај е регистрирано во секторите: финансиски дејности и осигурување (-7,5%), трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (-4,3%) и транспорт и складирање (-2,1%).
Просечната месечна бруто-плата во јуни годинава изнесувала 68.340 денари.