недела, јануари 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Најголем број одобренија за изградба на станови

Најголем број одобренија за изградба на станови

37

Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на тој месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10.596.843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба на државниот пат А2, делница Букојчани – Кичево прва фаза, подделница Црвивци – Кичево со должина 6,527 км, кој е со вредност од 44 милиони евра.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 289 (64,8 %) се наменети за објекти од високоградбата, 68 (15,2 %) за објекти од нискоградбата и 89 ( 20,0 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 446 објекти, на 247 (55,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 199 (44,6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.177 стана со вкупна корисна површина од 101.286 м2.

ИЗДВОЕНИ