Најдолговечниот градоначалник во Хрватска го освои 9 мандат: Жителите на Крк му веруваат 32 години

98

Даријо Василиќ, кандидат од Алијансата Приморје-Горски Котар (ПГС) и СДП и еден од градоначалниците со најдолг стаж во Хрватска, го освои својот 9-ти мандат на чело на градот Крк. Противник му беше Зоран Мергл (ХСЛС). Василиќ победи убедливо со 1.957 гласови, додека Мергл доби само 282 гласа. Но, гласале само 38,33 отсто од граѓаните.

Ова ќе биде деветти мандат на Василиќ како шеф на градот. Тој владее со Крк од 1993 година. Политичката кариера ја започна на локалните избори во 1993 година, кога на негови 26 години беше избран за советник во Градскиот совет на градот Крк. Парламентарното мнозинство го избра за градоначалник на градот Крк истата година, со што стана најмладиот градоначалник во Хрватска.

На чело на Крк е од 1993 година, кога на 26 години стана најмладиот градоначалник. Жителите на Крк му веруваат 32 години.

Василиќ е роден во 1966 година во Риека. Дипломирал математика и компјутерски науки. Во почетокот на 1990-тите се вработил во основно училиште како наставник по математика и компјутерски науки.

Крк е првиот хрватски остров без ѓубре

Минатата година во октомври островот Крк беше прогласен за прв хрватски остров без ѓубре. Ласкавата титула им ја додели меѓународното сертификационо тело Zero Waste, а таа е круна на одговорното управување со отпадот веќе 20 години.

„Почестени сме затоа што сите наши напори, кои траат веќе 20 години во однос на примарна селекција, рециклирање, сепарација на отпадот и претворање на отпадот во суровини, се прифатени и признати од Меѓународната куќа за сертификација, рече Василиќ.

ИЗДВОЕНИ