
Претседателот Флорентино Перез и неговиот Реал (М) се познати на фудбалската јавност по нивната извонредна куповна моќ.
Речиси секое лето, „кралскиот клуб“ прави спектакуларен трансфер што го одбележува целиот преоден рок во европскиот фудбал.
Минатото лето, тоа беше доаѓањето на Килијан Мбапе од ПСЖ, а ова лето, најзвучен трансфер е тој на Трент Александар-Арнолд од Ливерпул.
Покрај Александар-Арнолд, Реал (М) во овој преоден рок ги осигура услугите на Дин Хујсен, Алваро Карерас и Франко Мастантуоно.
Сега шпанскиот весник „АС“ пласираше вистинска „бомба“. Имено, медиумот кој важи за близок до Реал (М) објави дека Перез е заинтересиран за ѕвездата на Манчестер Сити, Родри.
Ако погледнеме кој е моменталниот освојувач на „Златната топка“, Родри е најдобриот играч во светот и ова би било навистина неверојатно дополнување за „кралскиот клуб“.
Единственото непознато засега е кога Реал (М) ќе тргне по Шпанецот, дали тоа ќе биде ова лето или ќе биде следното лето, кога Родри ќе има само уште една година од договорот со „граѓаните“, а „Кралевите“ би можеле да го добијат за многу поповолна цена.
Останува да се види исходот од целата оваа ситуација, а доколку овој трансфер навистина се реализира, тоа би предизвикало вистинска возбуда на европската фудбалска сцена.