Иако почнале да се забавуваат дури кон крајот на 2020 година, возачот во Формула 1 Макс Верстапен и манекенката Кели Пике се запознале многу порано. Се започнало во 2016 година во Монако, на вечера што ја организирал братот на Кели, Нелсон Пике јуниор, исто така поранешен Ф1 возач.

  • Макс беше пријател со мојот брат Нелсон и сите излеговме на вечера во Монако една вечер. Беше 2016 година, но имаше нешто магично таа вечер. Нашата врска започна тогаш, откри Кели во интервју за „Vogue Netherlands“ во 2022 година.

И покрај тој „магичен момент“, Кели започна врска со рускиот возач на Ф1, Данил Квјат во 2017 година, кого Верстапен, интересно, го замени во Ред Бул во средината на 2016 година.

Кели и Данил ја добија својата ќерка Пенелопе во јули 2019 година, но нивната врска се распадна подоцна истата година.

Кон крајот на 2020 година, патиштата на Макс и Кели повторно се вкрстија.

И покрај нивната деветгодишна разлика во години, двојката пронајде многу заедничко, а најзначајно е длабоката врска со светот на Формула 1.

Таткото на Кели е легендарниот трикратен светски шампион Нелсон Пике, додека таткото на Макс, Јос Верстапен, исто така беше возач на Ф1 од 1994 до 2003 година.

Тие ја објавија својата врска на светот на првиот ден од 2021 година, со истовремени објави на Инстаграм. Оттогаш, Кели е верен придружник на Макс на трките низ целиот свет, поддржувајќи го од боксовите на Ред Бул.

Двојката живее заедно во луксузна вила во Монако со поглед на Медитеранот, вредна околу 15 милиони евра. Начинот на живот на Макс вклучува и приватен авион „Фалкон-900EX“, наводно купен од Сер Ричард Бренсон за околу 14 милиони евра, чие одржување чини речиси 1 милион евра годишно. Авионот е персонализиран со мат црна боја и логото на лавот на Макс на опашката. Во слободното време, Макс ужива во возење џет-ски вреден речиси 19.000 евра.

Кели често во интервјуа нагласувала колку многу го цени односот на Макс со нејзината ќерка Пенелопе.

  • Навистина го ценам начинот на кој се однесува со Пенелопе. Толку е мило да се види. Тој секогаш прашува за неа, секогаш ја посетува за да се збогува кога таа ќе си замине и ја добива нејзината љубов за возврат. Толку е мило!, изјави таа за „Вог“.

Самиот Макс го објасни својот пристап во интервју за „Тајм“ минатата година: „Јас не сум татко, тоа не е целта. Секогаш е многу важно таа да има добар однос со својот татко, што и го прави. Но, ја гледам секој ден кога сум дома. Се сложуваме одлично. Таа е толку мила, истакна своевремено Верстапен.

ИЗДВОЕНИ