Размената во НБА-лигата наскоро завршува, па секојдневно се споменуваат голем број имиња за евентуална размена. Од оние што веќе го сторија тоа, Кливленд го испрати Деандре Хантер во Сакраменто за Денис Шредер и за Кион Елис, а за да го комплетираат целиот трансфер, му беше потребен Чикаго. Во договор меѓу трите тима, Булс го доби Дарио Шариќ и два идни избори од втората рунда.

Причината зошто го размени Кливленд Хантер беше за да заштеди околу 50 милиони долари и да остане под проектираниот лимит, но, исто така, се откажа од играч што имаше просек од 14 поени и 4,2 скока на натпревар оваа сезона. Наместо тоа, го доби „шампионот за размени“, Денис Шредер, кој ќе помогне на позицијата плејмејкер со 12,8 поени и 5,8 скока оваа сезона.

Ова е осма размена во кариерата на германскиот интернационалец и само Тревор Ариза беше вклучен во повеќе НБА „договори“ од него, при што беше разменет меѓу тимовите 11 пати. Инаку, Шредер неодамна беше прогласен за најдобар кошаркар на Европското првенство, што само по себе покажува за каков велемајстор на кошаркарската игра се работи.

Што се однесува до Шариќ, неговиот договор од 5,4 милиони долари истекува на крајот од сезоната, а „биковите“ ќе ослободат простор со ослободување на Џевон Картер. Останува да се види дали ќе игра Шариќ во НБА следната година, но пореално е да се врати во Европа, како што се шпекулираше ова лето.

ИЗДВОЕНИ