Легендарната кошаркарка, една од најдобрите во историјата на ВНБА-лигата (женска НБА), Дијана Тораси, се осврна на еден голем проблем во женската кошарка. Таа со голем гнев зборуваше за своите заработки за време на кариерата, откривајќи многу шокантни информации за тоа како не била соодветно платена во текот на годините.

  • Јас сум најдобрата кошаркарка на светот и морав да одам во комунистичка земја за да бидам платена како капиталист. Играјќи во Европа за време на паузата на ВНБА, сите жени одеа седум или осум месеци. Тие ја бркаа својата вистинска вредност. Не заработувавме многу пари. Значи, создавањето генерациско богатство дојде од играњето во Русија секоја година. Кога се враќавме дома, не добивавме речиси ништо. Хигиеничарот на арената заработуваше повеќе од мене, истакна Дијана.

Тораси две децениии мина во тимот на Феникс Меркјури, а повремено беше дел и од Динамо и Спартак од Москва, како и Фенербахче, Галатасарај и Екатеринбург, за време на паузата во ВНБА.

ИЗДВОЕНИ