За ваквата состојба најчесто причини се лошото држење на телото, слабата физичка активност или преоптеретувањето со работата, ангажманите, како и  зголемената физичка активност

 

Речиси да не постои човек да нема болка во оредена регија на телото. За ваквата состојба најчесто причини се лошото држење на телото, слабата физичка активност или преоптеретувањето со работата, ангажманите, како и зголемената физичка активност.

Ваквата состојба најчесто доведува до мускулно воспалување што е пропратено со непријатна болка во оредената регија на мускулите. Воспалителниот процес најчесто се смирува самиот од себе, но понекогаш потребно е и да се земе одредена таблета.

Честото консумирање на магнезиум може да соречи појави од воспалителни муслулни болки. Затоа добро е три месеци редовно да се зема континуирано магнезиум, па потоа три месеци да се прави пауза.

Исто така од важен аспект е да се земе во предвид прегледот од физиотерапевт и да се прави често медицинска масажа на телото. Масажата ги опушта, релаксира и ги смирува воспаленијата и болките.

Препорачливо е масажата да се прави еднаш до двапати месечно. Со одржувањето на редовниот начин на масажа ги спречувате и сите појави на дегенеративните процеси, така што при било каква промена вашиот физиотерапевт ќе ве извести и ќе ве препрати на дополнителни испитувања за навреме да се превземат првите чекори со промените на вашата здравствена состојба.

Доколку одредени мускулни болки сигнализираат постојана болка, тоа може да е резултат на веќе активна состојба на одредена дијагноза, па за истата потребни се испитувања и комплетен рехабилитационен план од физиотерапевт.

Редовното пешачење, спортот и навременото соработување со физиотерапевтот е многу битно, затоа велам не ги заборавајте овие три важни работи и бидете секогаш чекор напред со вашето здравје.

(Авторот е физиотерапевт и специјалист по здравствен фитнес. Ординација ФИЗИОТЕРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ)

ИЗДВОЕНИ