Најчести причини за ваквата состојба се лошото држење на телото, слабата физичка активност и преоптоварувањето со работа, ангажмани, како и зголемената физичка активност
Речиси и да не постои човек што нема болка во одреден дел од телото. Најчести причини за ваквата состојба се лошото држење на телото, слабата физичка активност и преоптоварувањето со работа, ангажмани, како и зголемената физичка активност.
Ваквата состојба најчесто доведува до мускулно воспалување што е придружено со непријатна болка во одредениот дел на мускулите. Воспалителниот процес најчесто се смирува самиот од себе, но понекогаш е потребно да се земе одредена таблета.
Честото консумирање магнезиум може да ја спречи појавата на воспалителни мускулни болки. Затоа е добро три месеци редовно да се зема магнезиум, па потоа три месеци да се прави пауза.
Исто така, важно е да се земе предвид прегледот од физиотерапевт и често да се прави медицинска масажа на телото. Масажата ги опушта, релаксира и ги смирува воспаленијата и болките.
Препорачливо е масажата да се прави еднаш-двапати месечно. Со одржувањето на редовниот начин на масажа, ги спречувате и сите појави на дегенеративните процеси, така што при каква било промена, вашиот физиотерапевт ќе ве извести и ќе ве препрати на дополнителни испитувања за навреме да се преземат првите чекори со промените во вашата здравствена состојба.
Доколку одредени мускулни болки сигнализираат постојана болка, тоа може да е резултат на веќе активна состојба на одредена дијагноза, па потребни се испитувања и комплетен рехабилитациски план од физиотерапевт.
Редовното пешачење, спортот и навременото соработување со физиотерапевтот се многу битни, затоа велам: не заборавајте ги овие три важни работи и бидете секогаш чекор напред со вашето здравје.
(Авторот е специјалист по здравствен фитнес. Ординација ФИЗИОТЕРАПЕВТ – ЗДРАВЈЕ)












