недела, јануари 18, 2026
Дома СВЕТ Најбогатите луѓе во светот загубија 208 милијарди долари поради одлуката на Трамп

Најбогатите луѓе во светот загубија 208 милијарди долари поради одлуката на Трамп

163
EPA-EFE/CHIP SOMODEVILLA

Според истражувањето на Блумберг, 500-те најбогати луѓе во светот вчера изгубиле вкупно 208 милијарди долари поради падот на акциите по воведувањето царини од администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Ова е четврти најголем еднодневен пад во 13-годишната историја на индексот на милијардери на Блумберг, а воедно и најголем од врвот на пандемијата „Ковид-19“.

Најголеми загуби се забележани кај шефовите на американските технолошки гиганти. Основачот на Мета, Марк Закерберг, загуби најмногу – 17,9 милијарди долари – откако акциите на неговата компанија паднаа за 9 отсто, пишува Блумберг.

Џеф Безос изгуби 15,9 милијарди долари бидејќи акциите на Амазон исто така потонаа за 9 отсто за еден ден.

Илон Маск загуби 11 милијарди долари, со што вкупните загуби од годината до денес достигнаа 110 милијарди долари.

ИЗДВОЕНИ