Трошоците за живот растат, цените постојано растат, а многу домаќинства внимаваат на секој денар. Еден корисен индикатор за приходите на домаќинствата е „средниот еквивалентен нето приход“. Овој индикатор се однесува на типичниот приход по лице, прилагоден за големината на домаќинството и по оданочувањето, објавува „Euronews“.
Според податоците за 2024 година, средниот еквивалентен приход во 34 европски земји се движи од 3.075 евра во Албанија до 50.799 евра во Луксембург. Во рамките на Европската унија, Бугарија има најнизок медијален еквивалентен приход – 7.811 евра, додека просекот во ЕУ е 21.582 евра.
На врвот на листата, покрај Луксембург, се Швајцарија и Норвешка, по што следат Данска, Австрија, Ирска, Холандија и Белгија, сите со приходи во опсег од 30.000 до 35.000 евра. Финска, Германија, Шведска и Франција се исто така над просекот на ЕУ.
Нашата земја се меѓу најслабите на листата за приходи и е веднаш над Албанија, со 3.910 евра, а тука се и Турција и Црна Гора.

Кога приходите се прилагодуваат според куповната моќ…
Разликите во продуктивноста и структурата на економијата помагаат да се објасни јазот, рече Џулија Де Лацари, економист во Меѓународната организација на трудот (МОТ).
- Повисоката продуктивност им овозможува на земјите да плаќаат повисоки плати, рече таа.
Ова значи дека земјите со висок удел во секторите со висока вредност, како што се финансиите, информатичката технологија или напредното производство, имаат тенденција да плаќаат повисоки плати, додека оние што повеќе се потпираат на земјоделството или едноставните услуги имаат пониски плати.
Кога приходите се прилагодуваат според стандардите на куповната моќ (PPS), вештачка валутна единица што изедначува колку стоки и услуги можат да се купат во различни земји, јазот се стеснува, но сепак останува голем.











