сабота, јули 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Најбогатиот Европеец мора да плати дополнителни 22,5 милиони евра даноци во Франција

Најбогатиот Европеец мора да плати дополнителни 22,5 милиони евра даноци во Франција

0
Фото:википедија

Најбогатиот Европеец и претседател на француската луксозна групација ЛВМХ Бернар Арно ќе мора да плати дополнителни 22,5 милиони евра данок во Франција, откако Управниот апелациски суд во Париз пресуди дека преку холдинг структури во Белгија ги намалил даночните обврски во периодот од 2010 до 2015 година.

Спооред порталотр Л’Информе, случајот се однесува на сопственичката структура ЛВМХ, во која семејството Арно го држи својот удел во компанијата преку повеќе холдинг компании, на чиј врв се наоѓа белгиската фирма „Пилинвест“, пренесува белгискиот јавен сервис БРТ.

„Семејството Арно нема директно учество во капиталот на групата, туку преку холдинг компании. На самиот врв на пирамидата се наоѓа белгиската компанија „Пилинвест“, која му овозможува на семејството да го намали даночниот приход во Франција“; се наведува во судската одлука.

Дополнителниот данок опфаќа 12,96 милиони евра данок на доход и социјални придонесеи за 2010 година, како и 9,5 милиони евра данок на имот за периодот од 2012 до 2015 година.

Управниот суд во Париз на крајот на 2020 година го привати барањето на брачната двојка Арно да не плати дополнителен данок на дохот и да им биде вратен данокот на имот, но француската држава вложи жалба, која апелацискиот суд сега ја усвои.

Портпаролот на семејството Арно најави дека ќе поднесе жалба на оваа одлука до Државниот совет.

Според индексот на милијардени на „Блумберт“, Бернар Арно располага со богатсво поценето на 165 милијарди долари и во моментот е најбогатиот човек во Европа и осми на светот.

Луксузната група ЛВМХ ги опфаќа брендовите како што се „Луј Витон“, „Кристијан Диор“ „Моет“ и „Сефора“.

 

ИЗДВОЕНИ