
Принцезата Мари Каролина од Лихтенштајн (27) се омажи за Леополд Мадуро Волмер (34) во саботата во Вадуц. Мари е внука на принцот Ханс-Адам Втори, а швајцарскиот таблоид „Блик“ ја опиша како „најбогатата принцеза во Европа“.
На свадбата таа блескаше во лелеава венчаница од чипка и луксузна круна. Свадбата се одржа во катедралата Свети Флорин, а прославата продолжи во гламурозниот семеен замок. Избраникот на принцезата, Мадуро Волмер, работи како инвестициски менаџер и доаѓа од Венецуела.
Кралската куќа на Лихтенштајн се смета за исклучително богата, благодарение на своите имоти и удели во банкарството и шумарството.