Актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар, Братислав Ташковски и писателот, академик Божин Павловски, се годинашните добитници на престижната државна награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста за 2025 година.
Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата на својата последна седница.
Инаку, наградата „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Македонија.
Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври 2025 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, во македонското Собрание.