Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорскиот диригент проф. Летка Димовска-Полизова и продуцентот и промотор на македонската уметност, Иво Јанкоски, се добитници на државната награда „11 Октомври“, највисокото признание за животно дело во 2025 година, во областа на уметноста.
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ја соопшти одлуката за доделување на наградата во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од јавен интерес.
Во областа на науката и на образованието, државната награда му се доделува на проф. д-р Константин Димитров, машински инженер, и на академик Глигор Јовановски, хемичар.
– Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 11 Октомври, во 12:00 часот, во македонското Собрание – информираат од Одборот за доделување на наградата.