недела, февруари 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Надворешниот долг на Македонија премина 4,59 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија премина 4,59 милијарди евра

81

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

На 30.6.2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%.

Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 119 милиони евра и изнесува 8.983 милиони евра, што претставува 55,1% од проектираниот БДП за 2025 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следната врска:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/ND%20NP%20MIP/2025/Soopstenie_Dolg_MIP_kv.2_2025.pdf

ИЗДВОЕНИ