Надворешниот долг на државата изнесува 4,49 милијарди евра

9

На крајот на третиот квартал, надворешниот нето-долг изнесува 4,49 милијарди евра или 27,1 % од проектираниот БДП, покажуваат податоците на Народна банка.

Надворешниот нето-долг на земјата, во третиот квартал од 2025 година, е намален за 106 милиони евра, или за 2,3 %.

Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67 %.

Во однос на крајот на 2024 година, надворешниот нето-долг е намален за 45 милиони евра (или 1 %), во услови на пад на приватниот нето-долг (за 218 милиони евра) и пораст на нето јавниот долг (за 172 милиона евра).

Во текот на третиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 250 милиони евра и изнесува 8.738 милиони евра, што претставува 52,7 % од проектираниот БДП за 2025 година.

На крајот на третиот квартал од 2025 година, надворешниот бруто-долг изнесува 12,15 милијарди евра и забележа квартално намалување од 27 милиони евра. Надворешните бруто-побарувања се зголемија за 79 милиони евра и изнесуваат 7,65 милијарди евра.

ИЗДВОЕНИ