
Како што објавија тениските медиуми, Тони Надал ја одбил понудата да му стане тренер на Александар Зверев, моментално трет тенисер на планетата. Чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал беше виден како тренира со Зверев во академијата на Рафа Надал, две недели по неговата елиминација од Вимблдон.
Според „Спорт билд“, обврските на Тони во академијата на Рафа се преголеми и го спречуваат да му стане тренер на Саша Зеверев, бидејќи има 64 години. Надал му дозволи на Зверев да ги користи просториите на неговата академија секогаш кога му треба. Се чинеше дека неговиот чичко ќе му биде тренер на Саша, кој доживеа шокантен пораз и беше елиминиран во првото коло на Вимблдон од Артур Риндернех. Тони Надал тврди дека ја знае причината:
– Тој има ментални проблеми. Да ги погледнеме минатата година и натпреварот со Карлос Алкараз на Ролан Гарос, кога го доби третиот сет и го започна четвртиот. Тоа беше моментот кога откри каков е против Алкараз, одличен играч. Во тој момент, целото внимание беше насочено кон него, а Зверев во првиот гем од четвртиот сет имаше проблеми со својот тим, имаше расправија и за 10 минути беше 4:0 или 4:1 за Карлос. Се случува. Не сакам да зборувам лошо за Зверев, го ценам, само мора да се промени. Играше подобро порано, се сеќавам на натпреварите со Надал и со Федерер. Ако сака да освои титули од гренд слемовите, ќе мора да работи на својата психа и на својот менталитет. Тој може да победи, и сè е ментална работа – објасни Тони Надал.
Тој се осврна на поразите.
– Зошто загуби на Ролан Гарос? Зошто имаше 40:0 во финалето на Австралија опен, против Синер и играше без храброст. Не е лесно, но мислам дека може да победи. Тој е трет тенисер во светот. Ќе мора напорно да работи и тоа на оние делови од играта што не му се силна страна – рече искусниот Шпанец.