Во областа над селото Арнакија, во општина Сарај регистриран е шумски пожар на непристапен терен, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи.
На местото има патрола на МВР, а известени се БППЗ – Град Скопје, Национални шуми Караџица, ЕЛС Сарај и ДЗС Скопје.












