Кавадарци се спрема за гроздоберот – за 3 дена се пијат 30 тони вино!

70

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, подвлече дека станува збор за организација на манифестација што треба да биде пример за многу други општини во државата. 

– За тие три дена, на официјалните штандови на градскиот плоштад се продаваат вино и производи од грозје. Вообичаено, имаме по околу 150 илјади посетители на тридневната манифестација. На главната вечер од „Тиквешкиот гроздобер“ – околу 60 илјади. За три дена, колку што трае манифестацијата, се пијат во просек по околу 30 тони вино, а во платниот промет се вртат околу милион евра – потенцираше Јанчев 

Над 800 лица од повеќе субјекти надлежни во различни сегменти активно се грижат за безбедноста на „Тиквешкиот гроздобер“, информираше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, на вчерашната седница на Советот на Општина Кавадарци.

Тој појасни дека за таа безбедност да биде на највисоко можно ниво, редовно се изработува елаборат со вклученост на повеќе страни од стручен аспект.

– Околу шеесет илјади луѓе ја посетуваат оваа традиционална тридневна манифестација во септември, во текот на главната вечер. Безбедноста ни е најважна, па затоа во целата таа организација се вклучени луѓе од Општината, јавното претпријатие „Комуналец“, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување, медицински лица, Црвениот крст и други –појасни Јанчев. 

Тој подвлече дека станува збор за организација на манифестација што треба да биде пример за многу други општини во државата.

– За тие три дена, на официјалните штандови на градскиот плоштад се продаваат вино и производи од грозје. Вообичаено, имаме по околу 150 илјади посетители на тридневната манифестација. На главната вечер од „Тиквешкиот гроздобер“ – околу 60 илјади. За три дена, колку што трае манифестацијата, се пијат во просек по околу 30 тони вино, а во платниот промет се вртат околу милион евра – потенцираше Јанчев. 

На вчерашната седница, со мнозинство гласови беше усвоена предлог-програмата за годинашнава манифестација, која вообичаено се одржува во првиот викенд од септември.

ИЗДВОЕНИ