И последните податоци на Народната банка покажуваат дека и натаму расте задолженоста на граѓаните во банките. Во април, долгот достигнал 4,168 милијарди евра. Заедно, пак, со компаниите, долгот стигнал до 8,268 милијарди евра.
Според извештајот на Народната банка, вкупните депозити во април изнесувале 9,771 милијарди евра, од кои 6,644 милијарди се депозити на граѓаните. Ова го покажуваат податоците што ги објави Народната банка.
Заклучно со минатиот месец, граѓаните најмногу се задолжувале со потрошувачки и со станбени кредити. На месечно ниво, бележат пораст од 0,9 % кај потрошувачките и 1,1 % кај станбените кредити, што, пак, на годишно ниво е раст од 9,1 %, односно од 14,0 %. Кај автомобилските кредити, месечниот раст изнесува 0,4 %, а на годишно ниво – 2,3 %. Кредитите одобрени на кредитни картички биле со месечен раст од 0,3 %, а на годишно ниво има пад од 7,9 %.
Негативните салда на тековните сметки тој месец забележале месечно намалување од 9,3 % и годишен раст од 0,1 %. Во април, кредитите одобрени врз други основи забележале месечен и годишен пад од 2,3 %, односно од 9,0 %.