Грчката полиција заплени повеќе од 38 килограми кокаин скриен во контејнер со банани во пристаништето Пиреја. За време на инспекцијата, полицајците открија 33 пакети со вкупна тежина од 38,2 килограми, скриени во контејнерот за превоз помеѓу единицата за ладење и внатрешниот ѕид, пренесе Катимерини.
Бродот, кој потекнувал од Еквадор и превезувал 1.080 кутии банани, пристигнал во пристаништето Пиреја на 12 октомври. Според проценките, запленетата количина би вредела околу 1 милион евра доколку се дистрибуира на домашниот пазар.
Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).