Во Општина Чаир се реализира проект за унапредување на локалната инфраструктура, во вкупна вредност од над 1,8 милиони евра. Како дел од проектот се асфалтирање на улицата „Дижонска“, изградба на 180 метри фекална канализација, како и подготовки за поставување нова водоводна мрежа, која ќе обезбеди сигурно и квалитетно водоснабдување за 35 домаќинства во оваа урбана зона.

– Овој инвестициски циклус е конкретен доказ за нашата заложба да ги подобриме условите за живот во секоја населба на Чаир – истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Инфраструктурниот напредок во Чаир е дел од пошироката визија на Владата и на коалицијата „Вреди“ за рамномерен развој, подобра животна средина и модерна, урбана инфраструктура во сите делови на државата.

ИЗДВОЕНИ