И оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат, Општина Карпош, преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарна акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓаните и семејствата што се во социјален ризик.
– Станува збор за пакети со прехранбени (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и со хигиенски производи, кои беа донирани од страна на учениците од општинските основни училишта, децата од јавните општински установи – детските градинки, како и од вработените во општинската администрација во Карпош.












