Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство склучи договори со 54 земјоделски здруженија во вкупен износ од над 10 милиони денари што треба да бидат искористени за промотивни активности во земјоделството и руралниот развој.

Ќе се организираат локални манифестации саеми и фестивали низ целата држава. Целта е промоција на македонските производи, истакнување на малите фарми и производители и поттикнување на домашната економија. Овие настани ќе помогнат традиционалната македонска храна да се доближи до младите за да се зачува македонската автентичност, но и за да им се промовира на странските туристи во земјава, информираа од МЗШВ.

Сите региони ќе бидат опфатени со манифестациите, а преку финансирањето се овозможува поголема видливост на домашната храна, малите фарми, производителите, што ја зголемува нивната шанса за пласман и препознавање.

– Ваквите манифестации и саеми го поттикнуваат економскиот развој на руралните средини, а локалните заедници ќе добијат шанса да се вклучат во економските и во туристичките текови. На тој начин ќе се зајакне локалната економија. Настаните од ваков тип создаваат економска активност на локално ниво и отвораат можности за соработка. Исто така, овие манифестации и саеми се можност за туристите да ги запознаат локалните вкусови и обичаи. Македонија се позиционира како културна дестинација – информираа од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗДВОЕНИ