Националната музичка академија во Киев повеќе не го носи името на композиторот Чајковски- прогласен е за „руски империјалист“

70
Фото:википедија
Украинското министерство за култура го избриша името на рускиот компитор Петар Илич Чајковски од називот на Националната музичка академија во Киев, со образложение дека неговата употреба е „симбол на руската империјална политика“.

Чајковски, кој стана призната личност уште за време на својот живот, живееше и создаваше во втората половина на 19-тиот век, каде што денешна Украина беше дел од Руското царство, пренесе „Бабел.уа“

Украинското министерство за култура ја објави оваа одлука на својата веб-страница во вторникот, наведувајќи дека институцијата отсега ќе се вика Национална музичка академија на Украина.

„Го продолжуваме процесот на деколонизација на украинската култура. Одлуката е донесена во согласност со законот за забрана на пропаганда на руската империјална политика во Украина и за деколонизацијата на топонимите“, потврди министерката за култура Тетјана Бережна.

Отстранувањето на името на Чајковски од називот на инсититуцијата, споре неа, е исто така во согласност со законите за високо образование и култура.

Основа за преименувањето беше и стручното мислење на експертската комисија на Украинскиот институт за национална меморија. Таа одлучи дека употребата на иметото на Чајковски во називот на институтцијата е „симбол на руската империјалистичка политика и не е во согласност со важечкото законодавство“. Министерството за култура затоа ги искористи своите овластувања и донесе одлука за преименување н академијата, се наведува во соопштението на министерството. Канцеларијата ја уверува јавноста дека промената на името нема да влијае на статусот на академијата, на нејзиниот образовен процес или на уметничката дејност.

„Одлуката, чија цел е исполнувањето на законските барања, е дел од државната политика за деколонизација и чистење на јавниот простор од сиболите на руската империјална политика“, се наведува понатаму во соопштението на министерството.

Чајковски исто така имал украински корени.

Според „Украинска правда“, расправата за пременувањето на академијата почнало уште во 2022 година, академскиот совет го одбил предлогот за преименување со образложение дека „името со Чајковски не може се манимулира како империјална нарација“.

Тоа, според цитираниот весник, предизвикало критики кај професорите кои почнале постепено да даваат откази. Студентите потоа организирале протестни акции, но раководството на академијата ги ингориралоо, пишуваше „Украинска правда“.

Чајковски несомнено е една од најважните личности на светската музика во историјата. Додека неговата мајка имала делумно француски корени, потеклото на неговиот татко парадосално може да се следи во Украина. Дедото на композитопрот потекнувал од козачко семејство из Миколајевка кај Полтава и првобитно се викал Чајка.

 

ИЗДВОЕНИ