Набавени шест интерактивни панели, а обновени се подовите и тоалетите

65

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска го посети централното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, каде во изминатиот период се направени повеќе инвестиции сè со цел подобрување на условите.

Од Општината информираат дека во изминатиот период во него се направени повеќе инвестиции за да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно-образовен процес.

– За подобрување на квалитетот на часовите и подобрување на образовниот процес се набавени шест интерактивни (електрични) панели, целосно се санирани подовите на горниот кат, а реконструирани се и тоалетите. Исто така, обновена е и медијатеката која се користи како просторија за медиумски клуб. Воедно, хортикултурно е уреден надворешниот простор околу училиштето – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Тој додаде дека Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на нејзина територија, затоа што, како што нагласи, образованието е една од најважните алки во општеството.

ИЗДВОЕНИ