Набавени 44 контејнери за селектирање пластика во пограничните и ридско-планински села

0

Општина Струга со поддршка на Бирото за регионален развој преку Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби набави 44 контејнери за селектирање пластика за погранични и ридско-планински села.

– Целта на проектот „Набавка на контејнери за погранични и ридско-планински села во Општина Струга“, е унапредување на системот за управување со отпад и поттикнување на еколошки навики во руралните средини – соопштија од Општина Струга.

Вкупната вредност на проектот изнесува 520.000 денари, од кои, 416.000 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и 104.000 денари се кофинансирање од Општина Струга.

– Контејнерите, додаваат, се веќе распределени во пограничните и ридско-планинските села согласно со утврдените потреби на терен. Општина Струга продолжува со активности за подобрување на условите за живот, заштита на животната средина и развој на руралните подрачја, се наведува во соопштението на локалната самоуправа. 

 

 

ИЗДВОЕНИ