EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Сè е подготвено за почетокот на 25. Зимски олимписки игри 2026 година во Милано и Кортина (од 6 до 22 февруари). Ова ќе бидат трети Олимписки игри што ќе се одржат во Италија, по Кортина д’Ампецо во 1956 година и Игрите во Торино во 2006 година. (Рим беше домаќин на Летните олимписки игри во 1960 година.)

Ќе има 116 натпревари за медали во 16. спорта закажани за овој олимписки настан. Овие Зимски олимписки игри ќе бидат домаќини на најголем број држави во историјата, дури 93, што е значително зголемување од 16. што учествувале на првите Игри во 1924 година.

Проценетиот буџет за Зимските олимписки игри во 2026 година е над 3,5 милијарди долари. Некои извештаи сугерираат дека ќе има економски поттик од приближно 5 милијарди евра, како резултат на Игрите, на пример, преку туризмот и надградбита на инфраструктурата. Тој број останува процена.

На овие Олимписки игри, Норвешка влегува како најодликувана нација во историјата. Оваа нордиска земја е на врвот, водејќи пред сите земји и по вкупниот број медали, 405, како и по вкупно освоените највредни, златни медали – 148. Норвежаните се неприкосновени во спортовите или, пак, гравитираат околу самиот врв. Таа води во крос-контри скијање, биатлон, алпско скијање и во брзо лизгање, меѓу другите спортови.

Соединетите Американски Држави се рангирани на второто место на табелата со медали на Зимските олимписки игри на сите времиња, со вкупно 330, вклучувајќи 114 златни. Германија има трет најголем број – 267. Оваа година, тимот на САД за уметничко лизгање, предводен од Илија Малинин, кој е единствениот лизгач што ја завршил четирикратната оска на натпреварот, очекува да доминира на лизгалиштето.

Откако повеќе не постои Советскиот Сојуз, медалите освоени под ова знаме се бројат одделно и не ѝ се припишуваат на Русија или на другите држави наследнички. Советскиот Сојуз имаше освоено 194 медали на Зимските олимписки игри пред неговото распаѓање, со што сè уште е на четвртото место на табелата со медали на Зимските олимписки игри. По Советскиот Сојуз се Канада, Австрија, Шведска, Швајцарија, Холандија и Русија. Постојат различни извештаи за рангирањето на Холандија, Финска и на Русија.

Н: Градови домаќини на Игрите

Натпреварите ќе се одржат во две главни зони: Милано, вториот по големина град во Италија, и Кортина, ексклузивен зимски центар на Доломитите. Дополнителните локации низ северна Италија ги прават Игрите најобемни во историјата. Натпреварите се поделени во неколку групи:

– Милано, Валтелина (Бормио, Валдизото, Ливињо), Кортина (вклучувајќи ги Антерселва/Антхолц), Вал ди Фиеме (Предако, Тезеро).

– Градот Верона ќе биде домаќин на церемонијата на затворање и отворање на Параолимписките игри на 6 март.

– Милано ќе биде центар на спортовите во затворен простор, вклучувајќи хокеј на мраз, брзо лизгање и уметничко лизгање.

Планинските дисциплини се распределени во неколку познати зимски центри во северна Италија: Кортина д’Ампецо – женско алпско скијање, Бормио – машко алпско скијање, Ливињо – сноуборд, Антерселва, Јужен Тирол – биатлон, Вал ди Фиеме – крос-контри скијање.

Изборот на местото е целосно усогласен со амбицијата на северна Италија да стане светски центар за зимски спортови. Игрите ќе го демонстрираат квалитетот на избраната спортска инфраструктура и ќе помогнат во инвестирањето и реновирањето на оние објекти на кои им е потребна инвестиција.

Н: Најголемите ѕвезди на ЗОИ

Американката Линдзи Вон, иако има 41 година и неодамна се повреди, многумина ја сметаат за лидер на тимот на САД. Тука се и Микаела Шифрин и Клое Ким, како и Иља Малинкин во уметничко лизгање.

Во скијачки скокови, фаворити се Рјоју Кобајаши и Домен Превц, шампионот на годинашната турнеја „Четири скокалници“, додека Кина повторно ќе смета на двојната олимписка шампионка, Ајлин Гу.

Големо внимание ќе привлече и враќањето на играчите од НХЛ на олимпискиот хокеарски турнир, првпат по Сочи 2014 година, заедно со легендарниот Сидни Крозби.

ИЗДВОЕНИ