На „Зимзоленд“ никој не му може ништо!

448

На контроверзниот забавен град „Зимзоленд“ кој со недели работи во Аеродром без никакви дозволи никој не му може ништо. Тој и натаму работи и услужува деца, а за тоа да нема никакво покретие со документи. Граѓаните реагираат, но дел од нив веројатно и не се свесни за опасноста која демне од забавните реквизити, па и натаму го посетуваат.

Советникот од Левица во Општина Аеродром, Горан Костовски изјави дека и понатаму работи просторот без да бидат преземени конкретни мерки за отстранување на ризиците. Според него, и покрај забелешките од неколку инспекциски служби и предупредувањата од Град Скопје, Општината не донела одлука за привремено затворање на паркoт или за демонтажа на реквизитите за кои постојат сомнежи дека се небезбедни. Потсети дека законската регулатива предвидува итно затворање на објектот кога постои сомневање за опасност за граѓаните. Притоа, додаде дека од Општината добиле само уверувања дека „се процедурите во тек“, но дека засега нема видливи активности на терен. се во тек“, но дека засега нема видливи активности на терен.

Во врска со „Зимзоленд“, од Општина Аеродром известуваат дека се преземаат сите законски мерки.

-Овластениот градежен инспектор и инспекторите на Општина Аеродром постапуваат во согласност со законските прописи и по конечно завршување на постапката ќе бидете навремено информирани. Советничката група на Левица ниту е запознаена со процедурите, ниту ги познава истите, па нивното обвинување произлегува исклучиво од политички мотиви, а не од широка загриженост за интересите на граѓаните – децидни се од локалната самоуправа.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ