Има повеќе примери кога се жалат граѓани дека им е потребно подолго време на вработените во ова претпријатие да се организираат, да дојдат и да го санираат дефектот. Пролетва, на еден од краците на улицата „Алексо Демниевски“ во Ѓорче Петров, пукнала водоводна цевка. И по барањето и апелите што ги упатувале жителите од оваа улица, да се санира дефектот, тоа се случило по две недели.

– И јас и моите соседи постојано се јавувавме во Контакт- центарот на ЈП „Водовод и канализација“, но линијата постојано беше зафатена. По мноштвото обиди, успеав да добијам еден од операторите, кому му го посочив проблемот, но тој ме упати да се јавам во нивниот пункт во Сарај, од каде што, пак, ми рекоа дека во моментот немаат расположива механизација, бидејќи стануваше збор за голем дефект, кој мораше да се отстрани со прекопување на улицата. Дојдоа дури по две недели, во раните утрински часови и го санираа дефектот. Меѓутоа, напразно истекоа по улицата големи количини чиста вода за пиење и завршија во реката Вардар – вели жителка на Ѓорче Петров.

Од ЈП „Водовод и канализација“ одговорија дека нивниот Дежурно-информативен центар работи непрекинато 24/7 и оти за секоја пријава стигната од корисниците, секогаш стојат на располагање и излегуваат на терен за брзо решавање на проблемите што се во нивна надлежност

 

 

Честото пукање на водоводните цевки предизвикува неповратно губење на чиста вода за пиење. Особено во летниот период, сведоци сме како на улиците, булеварите, паркинзите, па и во тревнатите површини, извира вода. И покрај апелите на граѓаните до ЈП „Водовод и канализација“ веднаш да интервенира, се случува и по неколку дена, па и недели, никој да не дојде да го санира дефектот.

Така, пролетва, на еден од краците на улицата „Алексо Демниевски“, во Ѓорче Петров пукнала водоводна цевка. И по барањето и апелите што ги упатиле жителите од оваа улица, да се санира дефектот, тоа се случило по две недели.

– И јас и моите соседи постојано се јавувавме во Контакт- центарот на ЈП „Водовод и канализација“, но линијата постојано беше зафатена. По мноштвото обиди, успеав да добијам еден од операторите, кому му го посочив проблемот, но тој ме упати да се јавам во нивниот пункт во Сарај, од каде што, пак, ми рекоа дека во моментот немаат расположива механизација, бидејќи стануваше збор за голем дефект, кој мораше да се отстрани со прекопување на улицата. Дојдоа дури по две недели, во раните утрински часови и го санираа дефектот. Меѓутоа, напразно истекоа по улицата големи количини чиста вода за пиење и завршија во реката Вардар – вели жителка на Ѓорче Петров.

Последен пример за неажурноста на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ е пукнатата водоводна цевка во близина на поранешната фабрика „Охис“, поради што течела чиста вода повеќе од два месеца. Тоа предизвикало паника, водата да не стигне до линданот, бидејќи било формирано езеро.

Но, поради специфичноста на ситуацијата, екипи на ЈП „Водовод и канализација“ вчера извршиле подготовки, а денеска биле на терен и работеле на санирање на дефектот. На нивната фејсбук-страница вчера имаше известување дека поради уличен дефект на булеварот „Борис Трајковски“,  бб (во кругот на „Охис“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овој булевар крак 9 и 11 и дека ќе биде прекинато водоснабдувањето од 10:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

И претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, неодамна, во телевизиско гостување, нагласи дека Град Скопје, генерално, има целосно нефункционални јавни претпријатија.

– Ако имаме системи и ако имаме организација во градот, тогаш ќе бидат решени проблемите на долг рок и нема да се доведуваме во целосен колапс, во кој се наоѓа Скопје денес – истакна Ѓорѓиевски.

Од разговорите со граѓаните, тој вели дека нивни најголем проблем, освен нечистотијата, е и состојбата со водоснабдувањето во градот, која, според него, е повеќедецениски проблем за кој не се понудило решение досега.

– Има проблеми со високата зона во Ѓорче Петров, каде што има недостиг, односно слаб притисок на вода, а има проект во Градот Скопје што чини 2,5-2,7 милиони евра, нешто што не е тешко да се оствари, земајќи предвид колкав е буџетот на Град Скопје. Ние имаме цели населени места во Ѓорче што имаат сериозен проблем, во 21 век, со водоснабдувањето, затоа што некој не сметал дека е приоритет да се заврши тој проект – нагласува Ѓорѓиевски.

Од ЈП „Водовод и канализација“ одговорија дека нивниот Дежурно-информативен центар работи непрекинато 24/7, а контактите со граѓаните се остваруваат на телефонот 02 3073 010 или на и-мејл адресата [email protected]

– За секоја пријава стигната од корисниците, секогаш стоиме на располагање и излегуваме на терен за брзо решавање на проблемите што се во наша надлежност – кратко наведуваат од претпријатието.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ