На влез во ЕУ македонските граѓани ќе мора да се сликаат и остават отпечаток

318

Од 12 октомври граѓаните од вкупно 29 земји, меѓу кои и од Македонија при влез во Шенген зоната на Еевропската Унија ќе мора да остават биометриски податоци – отисок од прст и фотографија, согласно новиот систем за влез-излез на ЕУ, наречен ЕЕС.   Системот како што беше посочено на брифинг во Делегацијата на ЕУ во земјава, започнува со постепена примена од 12 октомври и ќе трае во следните шест месеци, по што ќе се применува на сите влезни точки во Шенген зоната. Грција според информациите од ЕУ, системот ќе го воведе веднаш на сите гранични премини, а соседна Бугарија, најпрво ќе започне со премините Ѓушево и Деве Баир, а до крајот на годината и со другите два. Според соопштеното, системот ЕЕС во првите триесет дена ќе се воведува постепено, односно по 10% од патниците кои ќе се затечат на земјените гранични премини ќе остават биометриски податоци.  Системот предвидува дека деца до 12 години нема да треба да оставаат биометриски податоци, одосно нема да се фотографираат и да оставаат отпечаток. Иако многу од деталите не се дефинирани, како на пример од кога ќе може да се употребуваат мобилните апарати за оставање на биометриски податоци или со превозниците на стоки.

Новите правила за влез во ЕУ се најавуваа веќе подолго време и претставуваат автоматски систем за поддршка на протокот и проверката на сите со виза и без влезови во Шенген зоната на ЕУ. Објаснувањето од делегацијата во земјава е дека системот се воведува заради побрз влез, бидејќи ќе се избегне ставањето на печат во пасошите, но и како превенција од зголемениот број на луѓе кои влегуваат во ЕУ со лажни документи.

Повеќе информации за Системот за влез-излез во ЕУ може да се најдат на официјалниот сајт на ЕУ – travel-europe.europa.eu/ees 

На брифингот беше особено нагласено дека ЕТИАС системот, што ќе започне со примена од втората половина на 2026 година е сосема различен од Системот за влез/излез во ЕУ. Откако ќе почне неговата примена секој што патува во Шенген зоната без виза ќе мора прво да се регистрира онлајн и да го најави своето патување. Регистрацијата, како што е најавено, ќе чини 20 евра и ќе важи три години, со исклучок на помлади од 18 и постари од 70 години. 

ИЗДВОЕНИ