Аргентинскиот кошаркар Лука Вилдоса, во интервју за тамошните медиум, и зборуваше за изминатата сезона и за своите планови за следната, во која, како што вели, има намера да игра за Олимпијакос.
Тој има уште една сезона полна со трофеи зад себе, освојувајќи го грчкото првенство со Олимпијакос, негов трет голем трофеј за само две сезони во оваа земја. Во сезоната пред тоа, тој го освои грчкото првенство и, секако, титулата во Евролигата со Панатинаикос. Тој не беше значаен фактор во успесите на Панатинаикос, но даде поголем придонес во Олимпијакос, каде што, како што вели, се чувствува добро и сака да остане таму.
- Имам договор, моја желба е да останам во Олимпијакос – изјави Вилдоса за поткастот „Nos Gusta el Basket“.
Интересно е што во овој момент, кога не е сосема сигурен дали ќе остане во клубот, бидејќи Олимпијакос би можел да го отпише, поголема грижа му е неговата свадба.
- Имам одлична сезона зад мене, беше убаво и се надевам дека ќе имам поголема улога следната сезона. Во моментов, повеќе размислувам за свадбата отколку за тоа каде ќе играм следната сезона – порача Вилдоса.
Вилдоса, како што е познато, е во врска со српската одбојкарка Милица Тасиќ, со која, според медиумските извештаи, треба да се ожени ова лето, во Белград.
Во гореспоменатиот поткаст, Вилдоса го спореди соперништвото помеѓу најголемите клубови во Грција и оние во Србија, што и самиот имаше можност да го доживее.
- Натпреварите меѓу Партизан и Црвена звезда се нешто слично. Тоа е повеќе војна на сопствениците на клубовите во која играчите немаат никакво влијание. Сега, кога победивме, среќни сме. Кога повторно ги гледам тие натпревари, забавно е, но беше многу напнато – вели Вилдоса за финалето со Панатинаикос.