На Трамп нема да му биде драго: Враќањето на Кимел сруши рекорди

104
screenshot Jimmy Kimmel shou

Враќањето на Џими Кимел по речиси една недела отсуство резултираше со највисокиот рејтинг на шоуто во последната деценија. ABC, во сопственост на Дизни, го потврди зголемувањето на рејтингот, велејќи дека речиси 6,3 милиони луѓе го следеле шоуто, не сметајќи ги гледачите на стриминг услугите.

Инаку Jimmy Kimmel Live! обично привлекува помеѓу 1,4 милиони и 1,8 милиони гледачи на телевизија секоја вечер.

ABC соопшти дека повеќе од 26 милиони луѓе се вклучиле за да го гледаат неговото враќање на социјалните медиуми, вклучително и на YouTube.

Рекордните бројки доаѓаат и покрај тоа што шоуто не се емитува во многу градови.

Во својот говор, Кимел го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше критичен кон неговото враќање во шоуто, велејќи: „Нашиот лидер слави кога луѓето ги губат своите работни места затоа што не може да прифати шега“, рече Кимел.

Засега, планот на Трамп да го искористи апаратот на федералната влада за да врши притисок врз компаниите и да ги преобликува медиумите и јавниот дискурс се чини дека спектакуларно пропадна, јавува Euronews.

Шоуто на Џими Кимел се враќа на ABC: Кампањата „Бојкотирај го Дизни“ вроди со плод

ИЗДВОЕНИ