Американскиот претседател Доналд Трамп и даде отказ на директорката на Бирото за статистика на трудот, Ерика Мекентарфер, откако во објавениот извештај за вработеноста во САД е евидентиран пад во отворањето нови работни места. Тој вели дека еубеден во тоа дека објавените бројки се лажни, исто како пред изборите.
-Бидејќи мислам дека нејзините бројки беа погрешни, исто како што мислев дека беа погрешни и пред изборите. Неколку денови пред изборите таа објави прекрасни бројки за Камала, за Бајден и Камала, ги објави обидувајќи се да и помогне, ја објасни Трамп причината за отказот.
Демократите го обвинија дека се однесува како диктатор затоа што ги казнува луѓето кои му ја кажуваат вистината.
Најновиот статистички извештај покажа дека во јули биле отворени само 73.000 нови работни места, далеку помалку од проектираните 258.000. Уште полошо, извештајот открива дека од април, кога Трамп првпат ги воведе царините, фабриките ширум САД скратиле 37.000 работни места. Истовремено, инфлацијата пораснала од 2,2 проценти на 2,6 проценти, а БДП е на пат да порасне за само 1,3 проценти, што е над двојно помалку од ланскиот раст.