На Трамп му се презентирани опции за напад на Иран, тврдат американските медиуми

571
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Американските медиуми преку ноќ објавија дека американскиот претседател Доналд Трамп бил информиран за можните опции за воени напади врз Иран во последните денови.

Трамп постојано предупредуваше дека САД би можеле да интервенираат доколку Иран продолжи да убива демонстранти, вклучително и синоќа, како што беше претходно објавено.

Според „Њујорк тајмс“, кој се повикува на неколку американски претставници, на Трамп му се претставени низа опции, вклучувајќи напади врз невоени цели во Техеран.

Една опција што се разгледува е „голем воздушен напад врз повеќе ирански воени цели“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на американски претставник.

Истите извори во весникот нагласија дека станува збор за рутинско планирање и дека нема индикации за непосреден напад врз Иран.

ИЗДВОЕНИ