На Тибет извршена првата 5G роботска операција: Лекарите оперирале од 4.000 километри оддалеченост

195

Кинеските лекари во градот Накчу, на надморска височина од над 4.500 метри, во кинескиот автономен регион Синџијанг, односно Тибет, успешно ја извршија првата далечинска роботизирана уролошка операција со помош на 5G мрежа, објавија во вторникот кинеските власти.

Операцијата е извршена во реално време и покрај растојанието од 4.000 километри помеѓу двете болници вклучени во постапката, пренесе Euronews.

Поради екстремните услови на голема надморска височина, предизвиците вклучуваа стабилноста на роботската опрема, брзината и сигурноста на 5G преносот, како и способноста на лекарите да работат во тешки услови.

За операцијата да биде успешна, болниците воспоставија соработка со мрежни провајдери и спроведоа бројни тестови и симулации. Подготовките вклучуваа детална студија за случајот на пациентот, развој на персонализиран план за лекување и неколку недели проби.

„Од медицинска гледна точка, ова е голем пробив во областа на 5G далечинска роботска хирургија“, рече Ванг Јанлонг, раководител на одделот за урологија во локалната болница.

Според него, искуството стекнато од оваа операција го отвора патот за уште посложени процедури во иднина со користење на 5G технологијата.

ИЗДВОЕНИ