На “The Mister Universe 2025“ –  Србинот Петар Гочобија 22-годишен иден доктор ќе ја претставува Норвешка

381

Македонија е повторно без својот представник на Светскиот избор за “Најубав маж 2025“

Македонија е една од неколку европски земји, кои можат на прсти да се избројат поради тоа што нема да има ниту оваа година свој представник на Светски избор за “Најубав маж“ попознат под името “The Mister Universe“. На изборот кој ќе се одржи на 21-ви декември во Лос Анџелес, најинтересно е што соседната Србија ќе има два рамноправни кандидати. Најголемо внимание на медиумите привлекува 22-годишниот Србин Петар Гочобија. За верувале или не, и тоа затоа што тој ќе ја претставува Норвешка, а не Србија.

Неговите фотографии на кои се прикажува целата негова физичка убавина, веќе ги преплавија социјалните мрежи. На официјалниот профил на “The Mister Universe 2025“ се наведува дека Петар е роден во Србија, а во Норвешка живее од своето најрано детство, кога неговите родители се одселија од нивната татковина, по потрага по добро платена работа.

Петар или Перо како што е нагалено по српски, вели дека со учеството на овој избор се остварува неговиот долгогодишен сон. Меѓутоа најмногу од се му оди на нервите, се уште застарено примитивно размислување на луѓето, најмногу од Балканот, дека ваков тип на изборот не е за мажи, туку само за жени.  -Не разбирам според што само жените би биле привелегирани да ја покажат својата природна убавина, прашува Петар. Тврдам дека ние мажите сме далеку позгодни од жените, само што тоа тешко дека некој така јавно ќе го признае.

Освен што е еден од најсериозните кандидати за победата и титулата Најубав маж на Планетата, тој е и студент на последната година по медицина. Ќе биде доктор на некоја добра клиника во Осло. „За Петар, натпреварот “Мистер“ не е само обична сцена или настап под рефлектори, туку станува збор за почитување на неговите српски корени. Тоа е и претставување на неговата родна земја Србија, но и на земјата Норвешка во која сега живее.

Инаку, огромен број девојки од сите страни на светот му пишуваат на Петар додворувачки и провокативни коментари: „Докторе, сакам да ме прегледаш, целата горам“, „Ти си Балкански воин“, „Аполо од Србија е најубав маж“, „Убавец, Србин е благослов за жените во Норвешка“, „Јас сум подготвена за брак, барам токму таков згоден маж“, “Земи ме и однеси ме на седмо небо“, “Со што те појадувале родителите штом израсна во толку убав“, “Прати ми некоја твоја фотографија на која си сосема разголен, јас сум нудистка“, “Докторе, сакам да имам деца со тебе, помогни ми“….се некои од гомила најинтересни коментари. Сепак, сите да причекаме на 21-ви декември, па да видиме што ќе се случи со пласманот на Петар како представникот на Норвешка.   (Д.М.) фото:Инстаграм

ИЗДВОЕНИ