EPA/JOHN G. MABANGLO

Откако пред три години во Њујорк беше легализирана употребата на марихуаната, тенисерите на САД Опен постојано се жалат на страшниот мирис кој доаѓа на терените од долните делови на трибините.

Се пожали и Каспер Руд кој веќе обезбеди пласман во второто коло од последниот грен слем откако го совлада Офнер со 3:0. Норвежанецот призна дека таквата атмосфера многу му пречи и дека не сака да игра во такво опкружување.

„Најголема деградација на турнирот во Њујорк е што труе на мариуана. Мораме да се помириме со тоа, но мене не ми е баш омилен мирис“, изјави Руд.

Организаторот на САД Опен засега не планира да направи ништо по ова прашање иако на најголем број турнири низ светот е забрането дури и пушење цигари.

 

ИЗДВОЕНИ