Поранешниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури, го најави своето враќање на рингот во 2026 година, објави Би-Би-Си. Фјури последен пат се бореше во декември 2024 година, кога беше поразен по втор пат од Украинецот Олександр Усик, а еден месец подоцна го објави своето повлекување од боксот.
Шпекулациите за неговото враќање се зголемија во последните недели откако тој сподели видео од себе како тренира во Тајланд со јужноафриканскиот боксер Кевин Лерен.
– 2026 е годината. Бев отсутен некое време, но сега се вратив. Имам 37 години и сè уште удирам. Нема ништо подобро од тоа да удираш луѓе во лице и да бидеш платен за тоа – напиша Фјури на Инстаграм.
View this post on Instagram












