Вчера околу 19 часот на граничен премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј., 32-годишно лице од Унгарија и А.Б., 37-годишно лице од Србија.
На 25.08.2025 околу 19:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј.(32) од Унгарија и А.Б.(37) од Србија. При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, кое го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсули. Додека, во личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени сооддветни пријави.