Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира утрово АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗДВОЕНИ

Ќе има ли зголемување на работничките и кратење на функционерските плати?

Занаетчиите уплашени, повисок минималец ќе им ги затвори дуќаните

Мажите умираат повеќе, најранливи се старите, а скринингот не стигнува до жените: Ракот тивко коси – смртноста расте, превенцијата доцни

ПРОФ. Д-Р МАРКО КИТЕВСКИ ЗА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ: Татковината секогаш прекумерно накажува и прекумерно љуби








