„На свирка во Ѓорче“ – рок-вечер во Реонски парк

1195

Општина Ѓорче Петров повикува на незаборавна забава под отворено небо, во Реонскиот парк, што ќе се одржи денеска во 20 часот.

Станува збор за настанот „На свирка во Ѓорче“, во рамките на кој присутните  ќе ги забавува еден од најдобрите македонски клупски рокенрол бендови – „Деј оф“, со безвременски хитови и одлична атмосфера.

На главната свирка ќе ѝ претходи настапот на уличните  артисти  во 19:00 часот.

Од  Општината  ветуваат  вечер полна со енергија, дружење и рок-звук, која како што велат, не треба да се пропушти.

 

ИЗДВОЕНИ