На состанокот во Истанбул договарана средба Зеленски Путин со посредство на Трамп, а Украина на Русија и поставила три услови: да се вратат стотици грабнати деца, да се разменат затвореници и безусловен прекин на огнот

545

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров по денешните преговори во Истанбул изјави дека украинската делегација го примила рускиот меморандум и дека ќе одлучат за понатамошните чекори во следната недела.

Тој потврди дека двете страни постигнале договор за размена на сите тешко ранети, тешко болни и малолетни затвореници, како и за враќање на телата на паднатите војници, 6.000 за 6.000. Умеров додаде дека на состанокот е разговарано и за можна средба меѓу претседателот Зеленски и Путин, со евентуално учество на американскиот претседател Доналд Трамп на крајот на месецот.

-Повикуваме на вистинска работа за завршување на војната – прекин на огнот, хуманитарни мерки, состанок на лидерите. Ако Русија е сериозна, ќе се согласи. Ако не, мора да следат нови санкции, рече Умеров.

Во врска со размената на заробеници, украинската делегација ѝ предала на руската страна список на деца што сака од Москва да и ги врати, рече шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Андриј Јермак, објави Скај њуз.

-Ова се стотици деца нелегално депортирани од Русија, присилно раселени или држени на привремено окупирани територии, рече Јермак, додавајќи дека враќањето на децата е еден од трите основни услови што ги постави претседателот Володимир Зеленски претходниот ден. Останатите два се целосно и безусловно прекин на огнот и размена на затвореници.

Москва тврди дека децата биле евакуирани за да се заштитат од воени активности.

Претседателот Зеленски, кој моментално е во Вилнус на состанок со лидерите на централноевропските и нордиските земји, исто така рече дека се подготвува нова размена на воени затвореници со Русија. Последната рунда, во која беа разменети 1.000 затвореници од двете страни, беше спроведена минатиот месец.

ИЗДВОЕНИ